Posts

Image
ОКТОПОД Октоподот спаѓа во типот мекотели, во класата главоноги со околу 600 видови,и во редот на осумоноги главоноги.Се вбројува во фамилијата октоподи  која брои 150 видови. Октоподот живее во топлите и во умерените мориња,на длабочина до 30 метри (лете) и до 100 метри (зиме), во води со карпесто и камчесто дно.Не поднесува ниски температури.Доволна е малку постудена зима, па да исчезне целата популација октоподи и да не може да се обнови во текот на неколкуте следни години.Должината им се движи од 3 сантиметри до 9 метри (од што 5 метри отпаѓаат на краците). Октоподите тежат од 200 грама до 5 килограми,додека најголемите единки може да достигнат тежина и до 200 килограми.Живеат околу две години . Линк од g-mail адреса
Image
СИНИОТ КИТ Синиот кит е цицач и наголемиот жив организам кој некогаш живеел на Земјата.Достигнува должина и до 32.9 метри и тежина од 172 тони. Сините китови  ги имало во голем број во скоро сите океани во светот до почетокот на дваесеттиот век.Во четириесеттите години од минатиот век луѓето ги ловеле скоро до истребување. Во 2002 година е проценето дека во светот живеат уште 5,000 до 12,000 сини китови во пет групи.Пред да почнат да се ловат најголема популација од овие китови имало на Антартикот од 239,000 единки, но денес живеат во многу помали концентрации од по 2,000 единки во североисточен Пацифик , Индискиот и Јужниот Океан . Постојат и две групи во северен Атлантик и најмалку две во Јужната хемисфера. Линк од g-mail адреса
Image
ДЕЛФИНИ Делфинот е морски цицач близок сродник на китот . Постојат речиси 40 видови делфини,распоредени во 17 родови.Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па се до 9,5 метри и 10 тони.Можат да се најдат насекаде во светските мориња,а најмногу во полските мориња на крајбрежните гребени. Делфините  се месојади и најмногу се хранат со риби и лигњи .Фамилијата на Delphinidae  е најголема во редот Catacea и релативно најмлада.Делфините евалуирале пред околу 10 милиони години,за време на Миоцен . Овие животни се сметаат за едни од најинтелегентните,а новното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура. Делфинот  живее во море или океан. Линк на g-mail адреса
Image
ЗДРАВО!!! ЗДРАВО на сите. Добредојдовте на мојот блог!!! Тука ќе можете да најдете се што ве интересира за МРСКИТЕ ЖИВОТНИ, за Делфините,Сините китови,Морските риби и сл. Уживајте!!! Линк на g-mail адреса